|

Утре е втор круг локални избори и прегласување

Утре на вториот круг од локалните избори ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. 

Од Државната изборна комисија велат дека се е подготвено за изборниот ден.

 Во четирите општини  Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше каде што не беше постигнат цензус на првиот изборен круг одржан на 19 октомври, ќе има повторување на изборната постапка за избор на градоначалник 60 дена од објавувањето на конечните резултати од локалните избори  

Право на глас утре имаат имаат 1 013 375 граѓани. Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Изборите ќе ги следат 1 598 набљудувачи.

Во првиот изборен круг одржани на 19 октомври беа избрани градоначалници во 44 општини. 

Слични Објави