Стоев до Османи: Нашите мисли се со семејствата на настраданите
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, испрати телеграма со сочувство до својот колега Бујар Османи, во врска со пожарот во Ковид одделението во болница во Тетово.
„Во име на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и во мое име, сакам да изразам искрено сочувство до семејствата и роднините на жртвите. Во овој тажен момент, нашите мисли се со сите нив “, се вели во телеграмата за сочувство испратена од министерот Стоев.
Бугарскиот министер за надворешни работи посакува брзо закрепнување на настраданите и храброст и одлучност на властите во Република Северна Македонија во нивните напори да ги разјаснат причините и да ги надминат последиците од овој трагичен инцидент.
