Претседателот на Бугарија Румен Радев испрати телеграма со сочувство до нашиот шеф на државата Стево Пендаровски
Шефот на бугарската држава Румен Радев испрати телеграма со сочувство до претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во врска со големиот број жртви и повредени, кои настрадаа во разорниот пожар во болницата во градот Тетово.
„Во мое лично име и во име на бугарскиот народ, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и роднините на жртвите“, се вели во телеграмата на Румен Радев.
Претседателот Радев посакува брзо закрепнување на настраданите.