ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 107 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ- ПРВИОТ ВООРУЖЕН ОТПОР ПРОТИВ СРПСКИОТ ОКУПАТОР ВО МАКЕДОНИЈА

Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српскиот окупатор во Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО.

loading...

Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупатори врз населението при напорите за асимилација и посрбување. Српските власти упатуваат јавна закана до населението дека секој оној којшто ќе се спротивстави на новата власт ќе биде погубен.

Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и свештеници, а како замена се доведени учители и попови од Србија. Во црквите и училиштата е воведен српскиот јазик. Теророт на власта се засилува, а со тоа и револтот на населението од ден во ден расте сè повеќе, не само кај првенците, туку и кај обичните жители. На востанието му претходат неколку настани коишто особено го зголемуваат револтот. Имено, едно момче, по има Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.

Со поддршка на ВМОРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во Илинденското востание, меѓу коишто биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.

Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.

После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгачот. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1000 тиквешани.

Материјалните загуби на Царството Бугариjа изнесувале една милијарда и 300 милиони франци, на Кралството Србија 590 милиони, на Кралството Грција 467 милионна имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак – колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.
Стравотни колежи во Тиквешијата по Тиквешкото востание

Над 1.000 жители од Тиквешијата платија со живот за време на Тиквешкото востание, дигнато во предвечерјето на Втората балканска војна. „Тиквеш остана гол и пуст, место славеи и косови, по војната се слушаа само утање и гракање на чавките“, ќе забележат хроничарите што ќе го посетат оваа место по големите колежи.

Тиквешкото востание било дигнато на 19 јуни 1913 година. Овој крвав настан македонските историчари до пред петнаесетина години не го истражуваа, сметајќи дека востанието е организирано од Софија со цел да се направи бунт во заднината на непријателот.

loading...


„Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО“, пишува Тодоровски во својата книга за востанието издадена од Музеј-Галерија Кавадарци. Тој притоа ги цитира зборовите на Пане Поп Коцев, кој во своите спомени вели: „Тоа мало востание ние го направивме без никаква помош од кого и да било“.

„На ваквиот револт не останале индиферентни ниту врховистичките кругови на ВМОРО, кои ставајќи се на страната на бугарската државна политика биле мошне заинтересирани за промените во Тиквешката област. Користејќи ги насилничките окупаторски мерки на српската власт, тие се обидувале да му внесат уверение на населението преку своите емисари дека српската власт е привремена и дека набргу ќе дојде до бугарско ослободување “, пишува д-р Тодоровски, укажувајќи на тоа дека и бугарската држава и комитите кои во тоа време целосно се ставиле на страната на Софија, биле заинтересирани да се дигне востание во тој крај.

„И покрај гарантирањето ’во име на крал Петар‘, српските власти во Кавадарци уапсиле и врзале на кол во центарот на градот повеќе од 150 граѓани. По 30 часа заврзани на жешкото тиквешко сонце, и без вода, тие биле одвлечени надвор од градот, кај месноста Полјаната, заедно со уште 50 други кавадарчани, односно вкупно околу 200 души, и стрелани“, подвлекува д-р Тодоровски.

Д-р Зоран Тодоровски во книгата „Тиквешкото востание во 1913 година“ ќе наведе повеќе извори кои приближно ја потврдуваат оваа бројка на жртвите. Во книгата Кирил Прличев за српскиот терор во Македонија, објавена во 1917 година и заснована на податоци на Извештајот на Карнегиевата комисија за балканските војни, наведува дека во Кавадаречка општина вкупно биле убиени 195 души, а силувани 15 жени. Само во Кавадарци биле убиени 25, а во селата Ваташа 37, Бохула 45, Сирково 26 души итн. Во Неготинска општина биле убиени 331, а 488 куќи биле изгорени. Само во Неготино биле убиени 117 души, а во селата Прждево 37, Бистренци 39, Бесвица 28, Куријата 20 итн.

Поголема е бројката што ја соопштуваат некои сведоци и учесници во Тиквешкото востание. Блажо Видов тврди дека вкупно во Тиквешијата биле убиени повеќе од 1.200 души, од кои во Кавадарци 363, во Неготино 263 и во Ваташа 89. Во Кавадарци биле изгорени над 60 куќи, а во Неготино една третина од вкупниот број куќи во градот. Најмногу настрадале селата Мрзен Ораовец, Фариш, Глишиќ, Ваташа, Марена, Куријата, Паликура, Рибарци, Манастирец и Шивец каде што имало и најмногу изгорени куќи. Според Васил Сеизов, вкупно во Тиквешијата биле изгорени повеќе од илјада куќи, околу 500 души, мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени, околу 750 куќи во Неготино биле опожарени, а вкупно во Неготинска општина биле убиени околу 500 души, од кои само во градот Неготино 280 души.