|

Нова Република: Енергетските шокови бараат подготовка за потенцијалните инфлаторни движења

Владата и до сега нема функционална економска политика – и според падот на инвестициите и според падот на животниот стандард – без оглед на „розовите“ статистики. Оваа слабост на ВМРО-ДПМНЕ и Владата е програмска и кадровска.

При ваквите слабости и тековните околности, НОВА РЕПУБЛИКА е должна да укаже дека сега национална потреба е превенција на потенцијалните инфлаторни движења.

Свесни дека тие се зависни од траењето на судирот на Блискиот Исток и блокирањето на трговските рути, особено меѓу Азија и Европа – јасно е дека не само цената на енергенсите, туку и домашното, континенталното и светското производство се изложени на притисок.

Владата, за жал, тоа не го антиципираше, исто како што потфрли и (Советот за безбедност раководен од) претседателката на Републиката.

Оттука, во подготовката за предизвиците во следните 30 дена, НОВА РЕПУБЛИКА бара од Владата:

1. Постојано заседавање на Регулаторната комисија и корекција на цените согласно очекуваните амплитуди.

Тоа е начин за спречување на вештачкиот недостиг на нафтени деривати, кој „картелски“ (ве)ќе ги организира дистрибутерите.

Една можност е намалување на акцизата на горивото. Владата:

– ќе го брани стандардот и производството или

– сопствениот буџетски луксуз.

2. Неопходни се постојани, а не маркетинг-инспекции. Тоа ќе спречи неприроден раст на цените и на енергенсите и во маркетите, но и на производите и услугите воопшто.

Цените растат иако најголем дел од производите во оптек се набавувани пред почетокот на блискоисточниот судир.

Затоа контролата е неопходна: и на цените и на залихите, особено на нафтените деривати.

3. Мерки за поттик на домашното производство. Ограничувањето на конкуренцијата не е мерка.

Домашниот производ сега има шанса да се опорави од нелојалната конкуренција од Азија и особено од Кина.

Изборот пред Владата е заштита на домашниот производител и претприемач со промислени мерки или бранење на позициите и профитот на „големите“ компании и банки.

Со преземањето или непреземањето на посоченото, Владата ќе покаже дали го брани домашниот мал и среден производител и претприемач или своите коморски партнери.

Првото е можност што се јавува во секоја криза и бранење на економијата и стандардот на граѓаните. Второто е продолжување на деиндустријализацијата во интерес на стариот финансиски систем што е неодржлив, неразвоен и кредитно-зависен, во интерес на неколкумина.



Слични Објави