НАД ДВА МИЛИОНА МУСЛИМАНИ ГО ПОЧНУВААТ ГОДИШНИОТ ХАЏ ВО МЕКА
Повеќе од два милиона муслимани го почнуваат годишниот хаџ во Мека во Саудиска Арабија кој почнува на 9 август и завршува на 14 август. Властите предупредија дека нема да толерираат никаков обид за политизирање на верскиот собир во време на тензиите во Персискиот залив.
Ријад распоредил во реонот на светиот град Мека над 30.000 медицински работници од кои околу 8.000 се жени.
Секој муслиман е задолжен да изврши аџилак барем еднаш во животот.
Извикувајќи „Алах акбар” (Бог е најголем) верниците се придвижуваат во групи под силно полициско обезбедување, и фрлаат камења кон голема плоча, која го симболизира Сатаната, во долината Мина, блиску до Мека (Западна Саудиска Арабија).
Според традицијата, во долината Мина на првиот ден на Ајд ал-Адха (Курбан бајрам) се фрлаат, еден по еден, седум камења по 30-метарската плоча која го симболизира Сатаната, а во следните два дена, 21 камен по три плочи – голема, средна и мала, по седум на секоја .
По каменувањето, треба да се жртвува животно во спомен на жртвата на Авраам, кој според муслиманската традиција бил подготвен да го убие својот син Исмаил, по барање на Бога, но на крајот жртвувале јагне. За аџилакот оваа година ќе бидат заклани над еден милион јагниња.