Пожарот што избувна во гаражата на Основниот суд во Струмица целосно е изгаснат во 16 часот, а во неговото гаснење учествувале 14 пожарникари со четири возила.
Експлодирани петадри го запалија возилото во гаражата и конфискуваните материјали депото на струмичкиот суд како официјална верзија за причината поради која се случи вчерашниот инцидент.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во гаражата се чувал запленет пиротехнички материјал и други предмети од правосилни пресуди. Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.