Парадоксите на еден „Драматург“

//

Пишува: Јован Николов

Вчера (14.07.2022 година) во емисијата на српско-руската ТВ Алфа, во емисијата „Заспиј ако можеш“, со водителите Горан Момироски, иако расположен анти-ЕУ и НАТО ( неговото семејство живее во Берлин) и големиот “Mакедонец“ Драган МилосављевИЌ, гостин беше познатиот режисер, професор на ФДУ и прв човек на Фондацијата Сорос во Македонија, господинот Владимир Милчин, уште попознат и под псевдонимот „Драматург“, кој во периодот од 1976-1987 година, бил активен соработник на УДБА, следејќи ги своите колеги, а се покажал и како амбициозен подкажувач на иконата на македонскиот театар и филм Ристо Шишков- Слава му!!! Владе Милчин и официјално е лустриран како соработник на службите во СФРЈ од страна на Комисијата за лустрација на Република Македонија во 2012 година (тоа се факти кои секој може да ги најде на интернет).

Патем реториката во таа емисија, како и гостите се бирани од еден центар, а тоа е таа длабока држава која триесетина години ја држи Македонија во заложништво на неколку фамилии, а резултат на тоа е апатија на државата и масовна миграција на населението на Македонија во странство (во земјите членки на ЕУ или во САД, Канада, Австралија, односно во т.н слободен свет).

Го гледам и слушам господинот Милчин (кој патем како шарен револуционер ги донесе СДСМ на власт) како беседи за некаква си бугаризација во денешна Република Северна Македонија, нормално поддржан од водителите, кои се хушкачи и заговорници на некакви си геополитички конспирации дека ќе ја снема Република Северна Македонија, истата ќе се бугаризира и.т.н и си мислам што збори овој човек, чие родно стебло му е бугаризирано до коска!!!

А кутрите новинари или незнаат (што е малку веројатно) или намерно не му ги поставуваат незгодните прашања (што е повеќе веројатно), а тоа е следното:

1.Како Владе Милчин ќе се бугаризира кога Владимир Милчинов (брат на неговиот дедо Коста Милчинов) бил бугарски револуционер и деец на ВМОК (Врховниот македонски одрински комитет), повторувам не на ВМРО, туку на врховистите!!!

Истиот во 1900 година во Софија ја игра рољата на Осман бег во познатата „Македонска крвава свадба“, а во 1902 година станува четник при бугарскиот генерал Иван Цончев, родум од град Дреново или денешна Република Бугарија.  Владимир Милчин по наредба на генерал Иван Цончев е испратен за агент на ВМОК во Албанија, каде е уапсен од турските власти и заедно со неговиот татко Христо Милчинов лежат во Битолскиот затвор.

Владимир Милчинов умира во Софија во 1939 година и погребан е на Централните Софиски гробишта.

Владимир Милчинов

2. Како Владе Милчин ќе се бугаризира кога Григор Милчинов (брат на неговиот дедо Коста Милчинов), бил бугарски револуционер, деец на ВМРО во време на Иван Михајлов и дејствува како терорист!!! Дел од животниот век го поминува во Загреб, каде заедно со Иван Момчилов го организираат атентатот врз Жика Лазич во 1928 година (србскиот помошник министер на МВР во кралска Југославија).



3. Како Владе Милчин ќе се бугаризира кога неговиот прадедо Христо Милчинов бил деец на ВМОРО, женет за Захарија Кусева Милчинова (внука на бугарскиот митрополит Методиј Кусев погребан 1922 година во Стара Загора), а пак неговиот син Борис Милчинов (брат на дедото на Владе Милчин) е доброволец во Македонско-одринското ополчение, кој загинува во борбата со србите на 09.07.1913 година на врвот Султантепе, над реката Брегалница!!!

Знам дека „Драматург“ се срами од неговите предци, може и ги презира, но тие се фактите, нека отиде во Софиските архиви да ги чита нивните писма и нека одговори на кој јазик тие пишувале? Во кои училишта се школувале? Каде почиваат нивните коски?

 Затоа јас ќе кажам во негово име ПОКЛОН пред паметта им на предците на „Драматург“!!!

Во Библијата убаво е запишано метафорично дека „Вистината ќе ве ослободи“ и затоа најголем враг на УДБА и КГБ  во 21 век е интернетот и достапноста до архивите, каде што може да се видат и проучат веродостојни историски факти, а не памфлети сервирани од “новинари“ управувани со далечински управувач од тајните служби!

ERROR MULTIPLEX, VERITAS UNO господине Владимир Милчин!



Претходна статија

Припадници на бугарската Гарда го отворија пешадискиот дел од парадата во Франција по повод државниот празник на земјата

Следна статија

Слободен да мразам

Најново од Истакнато

(Видео) Мајор од ОЗНА од кратовското село Филиповци раскажува за времето после 6 април 1941 г.: Германците дојдоа и си заминаа, Бугарите не вршеа убиства и малтретирања, партизаните ги знаевме како шумкари

„Населението кај нас нема претрпено многу страдање после 6 април 1941 година. Германците дојдоа во Македонија,