| |

„Дебати во музеологијата“: Научници од 14 земји во Софија разговараат за улогата на музеите

Националниот етнографски музеј во Софија на 19 и 20 ноември е домаќин на седмото издание на меѓународната научна конференција „Дебати во музеологијата“, на која учествуваат научници и музејски стручњаци од 14 земји. Конференцијата е посветена на 120-годишнината од основањето на музејот и се одржува под мотото „Музеи – мостови. Генерации, култури, заедници“, јавува БНР.

Настанот е отворен за јавноста. Учесниците ќе разговараат за улогата на музеите во современиот свет, за зачувувањето на културната меморија и за новите начини на привлекување публика. Меѓу главните теми се вештачката интелигенција, виртуелната реалност, музеите како простори за учење и заштитата на културното наследство во време на војна.

Програмата вклучува излагања за музејските практики во различни земји, за меѓународната културна размена и за врските меѓу музеите и локалните заедници. Предвидено е и учество преку интернет.

Слични Објави