| |

МИНОВ: ПРИФАЌАЊЕ НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НАШЕТО ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕУ И НАТО

Ако е условен влезот во ЕУ и НАТО, ние да условиме прифаќање на името Северна Македонија да биде по нашето зачленување во ЕУ и НАТО, изјави денеска од собраниската говорница Панчо Минов, пратеник од ГРОМ.

„Прифаќање на промената на уставното име за внатрешна употреба да важи по финализирањето на преговорите со ЕУ за зачленување. Прифаќајќи го амандманот за промена на името, неговата меѓународна употреба да важи по зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ“, изјави Минов.

Со ова, мислам дека, од една страна ќе извршиме имплементација на спогодбата со Грција, а од друга страна, додава Минов, ќе ја условиме примената на уставното име со нашето зачленување во НАТО и ЕУ.

Предлагам ако ова се прифати, ова да го предложи опозицијата. Таквиот предлог треба да биде основа за преговарање на позицијата и опозицијата на лидерско ниво, вели пратеникот од ГРОМ.

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, рече дека предлозите на Панчо Минов од ГРОМ се во согласност со преспанскиот договор и дека постои простор за нивно прифаќање. Ова го одговори за време на собраниската седница за отворање на амандмански измени.



Слични Објави