УКРАИНСКИ АВИОН СО 176 ЛУЃЕ НА БОРДОТ ПАДНА ВО ТЕХЕРАН- НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ
Украински авион со 167 патници и девет членови на екипажот паднал веднаш по полетувањето од Техеран во Иран, јавуваат светските медиуми.
Според информации објавени од „Би-Би-Си“, не е познато дали уривањето на било каков начин е поврзано со нападот на американските воени бази во Ирак, кој се случи неколку часа пред да падне авионот.