Титовистичката лисица ја изостави Северна Македонија
Пишува: Ели Секуловска/БГНЕС
Професорката Гордана Силјановска Давкова официјално беше инаугурирана како шести претседател на Северна Македонија од нејзиното осамостојување па се до денес. Силјановска Давкова во Собранието даде свечена заклетва дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги почитува Уставот и законите и дека ќе ги штити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, без притоа, да употреби Северна во името на државата.
Таа рече дека ќе биде претседател на сите граѓани без разлика на верска или етничка припадност, и дека ќе соработува и со левата и десната страна на парламентот.
Поголемиот дел од својот говор Силјановска го посвети на женските права, додека пак зборот жена беше споменат повеќе од 20-тина пати,па дури и Македонија ја поистовети со жена ! Говор, кој според многумина беше дезавурирање од главниот меритум на проблемот во Северна Македонија. Во државата со најголем степен на криминал и корупција, поделбите не се по родова, туку по етничка, верска или партиска основа. Националистичкиот наратив на Силјановска, како и на партијата која ја застапува ВМРО-ДПМНЕ , подигнат до максимум за време на предизборниот период беше главниот промотор за победата професорката со над 560 000 гласови , како и на самата партија ВМРО-ДПМНЕ, која Politico ја дефинира како проруска и просрпска партија.
Гордана Силјановска Давкова , наместо државнички , таа одржа квази фемистички говор. Како стара лисица , после опомените од Грција, и после националистичкиот наратив кој и помогна да стане претсдетлка, за да ги задоволи и двете страни ,од безидејност, таа го (зло)употреби феминистичкиот говор дека божемно се борела за правата на жената што не беше ништо друго освен бегство со што направи неинтелигентна кашаница и дипломатски скандал. Таа кажа дека на Западен Балкан сè уште е жив патријархатот.
„Ние мораме не само да ја феминизираме политиката, туку и да им помогнеме на мажите да сфатат дека не смееме да се откажуваме. Треба да го следиме ритамот на природата, таа е совршен креатор. Не го знам точно соодносот на мажите и жените во слендиот парламентарен состав, но сакам да направиме чекор напред од оние 42 проценти. Имало тука прекрасни моменти, имало и судири. Но, ние жените тука и во клубот на пратеничките и кога одевме надвор умеевме да ја претставиме Македонија како умна, стамена, достоинствена жена. Не случајно држава, политика, демократија и Македонија се во женски род. Помогнете им пратеници – витези на жените да го изразат тоа што го имаат, а не можеле досега. Сите вие ќе бидете горди на Македонија, како што јас сум на мојот народ“, рече Силјановска Давкова.
Силјановска зборуваше многу за жените, за нивната еманципација , но таа никогаш нема да каже за оние еманципирани и интелигентни жени кои беа затворени за време на титовиот комунистички режим. Како доследен титов пионер, но и како жена која многу добро профитирала во титовиот комунизам, професорката Силјановска никогаш ништо не прокоментирала за моите текстови кога пишував за мизогинијата и фемицидот како последица на титовиот комунзиам!
Или, поточно, би ја запрашала, зошто професорката Силјановска не реагираше на една огромна сексистичка парола која беше истакната на еден фудбалски натпревар помеѓу Северна Македонија и Република Бугарија во Скопје пред две години на која пишуваше ДВЕ ЧЕРВЕНИ?
Пофесорката Силјановска никогаш ништо не реагирала ниту на моите барања да се рехабилитираат жените затворенички за време на титовиот коминизам, ниту за мизогинијата , или институционалната омраза спрема жените кои биле храбри, интелигентни, неконформисти, независни и кои биле осудени на робија!
Длабоко вкоренето во свеста на оние кои преживеаа, но за тоа со децении не смееа да говорат , а и се’ уште е табу тема кај нас , па ниту една телевизиска куќа и ниту еден печатен медиум не се осудува да зборува за тоа. Никогаш не отворена тема за жените затворенички во времето на југословенскиот комунизам,секогаш заташкувана , со промисла дека прашината на времето што изминува ќе ги покрие направените злосторства.
Силјановска зборуваше дека никогаш нема да го употреби името Северна Македонија и дека е против внесувањето на бугарската етничка заедница во Уставот на Северна Македонија.
Вчера грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис во интервју за грчката телевија „Алфа“ децидно повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата Влада во Северна Македонија.
„Истите барања постојат и сега од новото раководство на Северна Македонија. Сакам да се надевам дека она што се слушаше пред изборите нема да биде официјален став на новата влада по изборите. Затоа што ако тоа се случи, ќе имаме проблем“, рече Мицотакис, коментирајќи го тоа што ВМРО-ДПМНЕ во слоганот го користеше името Македонија.
Но и покрај предупредувањата од страна на Грција и препораките за почитување на Преспанскиот Договор, Силјановска со својот говор предизвика дипломатски скандал како и многу реакциикако од домашни, така и од странски политички фактори.
Имено, За време на говорот на Силјановска и употребата на името Македонија наместо Северна Македонија, грчката амабасадрока во Софија Филипиду која седеше помеѓу американската амбасадорка Анџела Агелер и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, во знак на револт, демонстративно ја напушти салата. Потоа, американската амасадорка се премести на нејзиното столче па можеше да се забележи разговор помеѓу неа и евроамабасадорот Дејвид Гир.
Три часа после заклетвата на Силјановска, се јави и претседателката на Европската Комисија , Урсула Фон Дер Лајен барајќи Северна Македонија да го почитува Преспанскиот договор. Нејзината реакција се однесуваше на изоставувањето на зборот Северна кога Силјановска ја даваше заклетвата за претседател и кажа само „Македонија“.
На говорот на Силјаносвка се огласи и министерот за правда на Северна Македонија, Кренер Лога кој кажа дека заклетвата на Силјановска треба да се прогласи за ништовна и дека во моментот функцијата за претседател на државата треба да ја превземи сегашниот престедател на Собранието на Северна Македонија, Јован Митревски.
Остри рекации за говорот на Силјановска следуваа и од страна на албанскиот политички корпус , поточно од партијата ДУИ чиј портпарол Арбр Адеми го изрази своето несогласување.
Пред повеќе од еден час стигна и официјалното соопштение од страна на грчкото МНР во кое подетално се вели:
„За време на нејзината денешна заклетва во Собранието и покрај тоа што во официјалниот текст на заклетвата што и беше диктирана на земјата се однесуваше како „Северна Македонија“, новиот претседател на Република Северна Македонија, г-ѓа Силијановска-Давкова, избра да ја нарече својата земја „Македонија“
Со овој чин грубо се крши Договорот од Преспа како и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски. Грчката влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција при ратификацијата на договорот, го почитуваше како ратификуван меѓународен договор кој има предност над која било друга законска одредба.
Грција, во овој контекст, категорично наведува дека понатамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и европскиот курс на оваа земја зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и пред се од употребата на уставното име на земјата.“.
Единствено, претседателот на ВМРО ДПМНЕ рече дека говорот на Силјановска бил државнички и достоинствен.

