| |

Запрјанов: Бугарија веќе е под заштита и на противракетниот систем „Патриот“ поставен во Северна Грција

Бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов соопшти дека Бугарија веќе е под заштита и на противракетниот систем „Патриот“, кој е распореден во Северна Грција, јавува БНР.

„Батеријата ‘Патриот’ веќе е во дежурство. Имаме целосно покритие. Ги извршивме и соодветните подготовки на нашиот систем за противвоздушна одбрана. Сето тоа го правиме не затоа што постои директна, непосредна воена закана за Бугарија. Ние сме должни и при потенцијални закани да преземаме мерки за нив“, посочи министерот Запрјанов.

Тој изјави дека Соединетите Американски Држави не побарале од Бугарија распоредување на нивни борбени авиони на бугарска територија. Што се однесува до американските воено-транспортни авиони кои се наоѓаат на Аеродром Софија, сè уште се разговара кога и каде тие ќе бидат преместени.

„Оваа задача не е толку итна, но ние ќе работиме да ја реализираме“, изјави министерот за одбрана Атанас Запрјанов.



Слични Објави