Одбележуваме 66 години од смртта на бугарскиот офицер и член на БАН полковник Петар Д’рвингов од Кукуш
На 8-ми март 1958 г. во Софија умира полковникот, историчар и член на БАН – ПЕТАР ГЕОРГИЕВ Д’РВИНГОВ. Тој е сограѓанин на Гоце Делчев, роден 1875 г. во Кукуш. Завршил Бугарска гимназија во Солун, а потоа Воено училиште во Софија. Како член на Врховниот Македоно-одрински комитет учествува во Горноџумајското востание, каде што е избран во востаничкиот штаб. За време на Илинденското востание е воен организатор на четите и војвода на ВМОРО. Во 1909 г. завршил Воена академија во Торино, а потоа бил предавач во Военото училиште и член на генералниот штаб. Во Балканските војни бил началник на штабот на Македоно-Одринското ополчение. За време на Првата светска војна бил началник на штабот на Единаесеттата пешадиска македонска дивизија во Бугарската армија. Награден е со неколку ордени за храброст и заслуга. После војната се занимава со научна и обштествена дејност. П. Д’рвингов ја напишал двотомната книга „Историја на Македоно-одринското ополчение“ кој е сеуште најдобар труд посветен на ополчението.
“… Во крај на краиштата Македонија, место да ја добие својата слобода како отделна независна политичка единица, беше разпарчена и падна во една положба, каква што хероите од незаборавеното македонско востание никогаш не би помислиле и никогаш не би очекувале.
Но може ли да се затрие нејзината историја? Можат ли непријателите на Бугарите во Македонија да го уништат тоа, кое било? Можат ли Србите и Грците да кажат, дека во 1903 год. немаше Илинденско Бугарско востание? Може ли светот да заборави, дека како плод од востанието во 1903 г. се постигнаа Мирцштегските реформи, според кои Македонија во Бугарските етнички граници беше сведена во отделна административна област, со отделно управување?
Историското наследство, кое што нашите херои од Македонија со својата крв низ револуционерниот период од 1893-1903 г. и после тоа ни заветуваа, е единственото нешто, кое што ниту војните, ниту телените мрежи, ниту страшната тиранија на Срби и Грци некогаш ќе можат да уништат. Тоа наследство е нашиот најголем морален капитал, кој што треба да го пазиме и предаваме од поколение на поколение. Да се поклониме пред живите дејци и да кажеме „Бог да ги прости“ илјадниците, илјадниците наши браќа, паднати за слободата на Македонија. Таа е жива и вечно ќе живее низ вековите. Важното е никогаш во срцата на Бугарите да не угасне таинствениот оган на родољубието.“
