МО на Бугарија: 17 воени лекари, денеска ќе ги добијат своите први офицерски чинови
Свечен чин на доделување прв офицерски чин на питомците од генерацијата – 2023 година „Васил Левски“ – специјализација „Медицина на вооружените сили“ на Вишата поморска школа „Н. Ј.Вапцаров“ ќе се одржи денеска, во 10:00 часот локално време во Военомедицинската академија во Софија, јавува Министерството за одбрана на Република Бугарија.
На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев и началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов. Офицерски чинови ќе добијат 17 млади мажи и жени од првата група воени лекари кои го завршија целосниот 6-годишен курс на Вишата поморска школа во Варна, Медицинскиот универзитет во Варна и Военомедицинската академија во Софија.

