РУСКИ ПРОФЕСОР ОБУЧУВАЛ ЧЛЕНОВИ НА „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА“ КАКО СЕ РАКОВОДИ ДРЖАВА
Претседателот на партијата „Единствена Македонија“, Јанко Бачев се пофали дека 50 членови на неговата партија „одбрани според многу строги критериуми“ добиле тродневна обука од страна на рускиот професор по геополитика Леонид Савин. Бачев изјави дека неговата партија е решена да расчисти со сите национални предавници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бидејќи истите украле 5 милијарди марки и 5 милијарди евра народни пари. Од своја страна професорот Савин изјави дека слични обуки како оваа со членовите на „Единствена Македонија“ веќе биле одржани во Србија и Либан.

