ВЛАДАТА ОБЈАВИ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ПРВАТА ГОДИНА ОД СВОЕТО РАБОТЕЊЕ
Владата го објави својот отчет за сработеното, откако на „Илинденска“ бр 2 се наоѓа тимот раководен од Зоран Заев. Еве дел од 365-те мерки преземени од владејачката гарнитура, за како што велат тие „подобар живот за сите граѓани“.
Како свои успеси Владата на Заев ги наведува пред се:
– зголемувањето на минималната (а во едно со тоа и на просечната плата).
– поевтинувањето на струјата, укинувањето на радиодифузната такса, покачувањето на субвенциите за земјоделците.
– решавањето на споровите со соседите, без да биде повреден македонскиот идентитет и секако напредокот на патот кон евроатлантската интеграција на земјата.