Средба Генчовска-Шаленберг: Бараме од Скопје конкретни активности и гаранции за спроведувањето на Договорот од 2017 и гарантирање на правата на Бугарите од РС Македонија

//

Очекуваме од Скопје конкретни активности и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарски идентитет. Ова го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска која се сретна со министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија Александар Шаленберг, јавува БГНЕС.

Генчовска рече дека двајцата разговарале и за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Пред министерот Шаленберг ја истакнав постојаната поддршка на Бугарија за европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Се разбира, напредокот на патот кон членството е секогаш поврзан со принципот на сопствените заслуги. Во последните месеци, сите знаете дека Бугарија направи значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи со Република Северна Македонија, вклучително и преку иницирање формати за засилен развој на секторски политики. Ќе продолжиме да работиме на градење на вистински добрососедски односи со Република Северна Македонија. Сепак, тие се можни само со заеднички напори. Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година. како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест“, изјави таа за медиумите.



Од своја страна, австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг рече дека неговата позиција е многу јасна и дека Австрија би сакала разговорите со Албанија и Северна Македонија да започнат во јуни. „Секако, свесни сме дека има многу чувствителни точки и прашања во билатералните односи кои треба да се разјаснат“, рече Шаленберг.



Претходна статија

Ликот на денационализаторите

Следна статија

Ново поскапување на бензините од полноќ

Најново од Вести