ДИМИТРОВ ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД МАЈКЛ ПОМПЕО
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска попладне во Стејт департментот на Соединетите Американски Држави ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајкл Помпео. Средбата на Димитров со американскиот државен секретар Помпео е закажана за 14:00 по локално време. Покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидени се средби на министерот Димитров со високи претставници на американската администрација – Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон.

