ТАПАНАРОТ НА „ГАНС ЕНД РОУЗИС“ СИ ЗАБИ НОЖ ВО СТОМАКОТ
Стивен Адлер (54), поранешниот тапанар на „Ганс енд роузис“, итно е префрлен во болница во Лос Анџелес по забивањето нож во стомакот, пишува „Сан“. Адлер, наводно, не бил во животна опасност, а итната помош била повикана од лицето што било со Адлер во неговиот дом во кој се случил инцидентот.
Со години тапанарот има проблеми со зависноста од хероин и алкохол поради што беше исфрлен од „Ганс енд роузис“ и беше тема на телевизиски емисии, како што се Celebrity Rehab with Dr. Drew и Sober House. Музичарот сега е во групата „Адлерс апетит“, во која, покрај него, свират и Константин Марулис, Карл Рестиво и Мајкл Томас.
Извор: Макфакс