ПРИВЕДЕН ЕДЕН ОД НАСИЛНИЦИТЕ ВО АВТОБУС НА ЈСП

Полицијата синоќа приведе едно од две лица кои направија иницидент во автобусот на ЈСП „Скопје“ а за кој беше објавена и снимката на социјалната мрежа Твитер. Полицијата врши qпотрага и по второто лице кое учествувало во иницидентот. Тие двајца недолично се однесуваа кон сопатниците во автобусот откако биле предупредени дека не носат заштитни маски.

loading...

По предупредувањата на патниците тие дрско одговарат и им возвратиле на сопатниците со зборовите: „Не се занесувајте“, „Значи маска, абе нема држава, ќе работи државата за мене и полиција. Немој госпоѓо…ќе те носам у киселина, ќе те топам, не знаеш со кого имаш работа“, „Животот сум го поминал со секаков проблем, она ќе ми каже“…

Сè уште нема информации кога точно се случил настанот, на која релација се движел автобусот и дали тие физички нападнале девојка која ги снимила, како што стои во описот на видеото објавено на твитер.



loading...

Извор: Скопско ехо