6 НЕШТА КОИ ВЕ ПРАВАТ НЕПРИЈАТНА ЛИЧНОСТ

Не е изненадувачки да се каже дека скоро секој од нас сака да биде омилен во очите на другите или пак во најмала мера да не биде непријатна личност. Понекогаш поради нашето однесување може навистина да станеме одбивни за другите и да не го знаеме тоа. Ако забележите дека луѓето почнуваат да избегнуваат контакт со вас, можеби правите некои од овие шест работи кои ве прават несакана личност:

Зборувате премногу за себе
На никој не му се допаѓаат фалбаџии и добро е да го  знаете ова ако мислите дека претерувате со зборување за самите себе. Се разбира, сосема природно е човек да сака да зборува за себе, за своите достигнувања, за патувањата, но не и целиот разговор да биде „окупиран“ само за неговата личност и достигнувања.

Вие не слушате и често прекинувате
Дури и да не зборувате за себеси цело време, повторно може да се претворите во дразнител, ако не ги слушате внимателно вашите соговорници. Еден од најпознатите непријатни и срамни моменти во разговорот е, ако не ја искажете потребната почит и го ислушате соговорникот.

Вие секогаш сакате да биде, како што вие сте одлучиле
Повеќето луѓе сакаат „лабаво“ однесување а не наметливо или авторитативно. Ако ви е тешко да молчите и сакате да тврдите дека сте секогаш во право,  не бидете изненадени ако вашиот круг на пријатели се смалува. Ваквото однесување тешко се толерира и тешко на кој би му се допаднало.

Вие „сте“ премногу идеални
Не постојат идеални луѓе, но некои вешто глумат пред другите дека имаат совршен живот. Секогаш се добро облечени, никогаш не се болни, немаат лични драми и ништо не допира до нив. Ова едноставно не е можно, а луѓето се чувствуваат излажано од премногу сјајната појава.

Вие премногу се жалите
Другиот крај е однесувањето на вечната жртва. Вие плачете,  ги мачите другите со вашите постојани грижи – ова е однесување што ги нервира другите.

Вие ги навредувате другите дури и без да го знаете тоа
Кога комуницирате со другите, често ја доведувате во прашање нивната компетентност, потценувајќи ги, не верувајќи им и не се возбудувате  заради нивните емоции. Ако одговарате на сите овие карактеристики, немојте да се изненадите што луѓето не сакаат да се дружат повеќе со вас. Вашето однесување е одбивно и можеби вие не го чувствувате тоа.



Слични Објави