ПЕНДАРОВСКИ: АРМИЈАТА ЌЕ ИМ ДАВА ПОДДРШКА НА ПОЛИЦИЈАТА И НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ

//

Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност вчера ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, напиша денеска на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот додаде дека според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.



Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на ковид 19 и се крајно исцрпени, пишува Пендаровски на Фејсбук.

Претходна статија

УШТЕ ЕДЕН ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК ВО КАВАДАРЦИ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19, НОВИ 43 СЛУЧАИ ВО ТИКВЕШКО

Следна статија

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВЕЌЕ НЕМА МЕСТО ЗА НОВИ ПАЦИЕНТИ

Најново од Вести