| |

Софија е домаќин на меѓународна конференција за технолошката автономија на ЕУ

Софискиот форум за безбедност и Амбасадата на Кралството Шпанија во Софија организираат меѓународна конференција на тема „Технолошката автономија на ЕУ: стратегии, финансирање и реализација“, кој започна денеска со почеток од 9:00 часот во Централниот воен клуб во Софија, јавува БГНЕС.

Европската унија ја поставува амбицијата за градење на европска автономија со цел да развие способност да носи одлуки и да делува независно во клучни области како што се безбедноста, економијата и технологиите – без зависност од надворешни фактори. Прашањето што значи оваа идеја и како треба да се реализира е тема од заеднички интерес за сите земји-членки.

Настанот ќе собере претставници од институции, бизнис-заедницата, академските кругови, експерти за безбедност и дипломатскиот кор, кои ќе дискутираат за стратешките предизвици со кои се соочува Европа во динамичната геополитичка средина и за потребата од изградба на одржлива и конкурентна технолошка база.



Слични Објави