„Бургас нè собира“ – второ издание на фестивалот на бугарските фолклорни состави во странство
Повеќе од 20 бугарски фолклорни танцови и пејачки состави од 10 европски земји учествуваат на фестивалот „Бургас нè собира“, кој беше отворен во Летниот театар во Бургас и ќе трае до 20 септември.
На фестивалот настапуваат состави од Австрија, Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија, Кипар, Молдавија, Норвешка, Франција и Швајцарија. Настанот е посветен на бугарскиот фолклор и традициите, а го организираат Асоцијацијата на бугарските фолклорни состави во странство и „Поштенска кутија за приказни“, со поддршка од Извршната агенција за Бугарите во странство и Општина Бургас, јавува БТА.
Претседателката на Асоцијацијата, Радослава Недјалкова, изјави дека учесниците живеат и творат надвор од Бугарија, но остануваат силно поврзани со татковината. Градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, истакна дека градот ја поддржува работата на еден професионален и 27 аматерски фолклорни состави.
Програмата продолжува со посета на островот Света Анастасија, заедничко оро на плоштадот „Св. св. Кирил и Методиј“ и втора фестивалска вечер во Летниот театар.
На 20 септември е предвидено големо дефиле од плоштадот пред Општина Бургас до Летниот театар, каде фестивалот ќе заврши со гала-концерт.

