|

Иван Шандаров од Штип: Украина и Бугарија

Иван Шандаров е бугарски просветен дејател, писател, публицист и фолклорист. Предавал во бугарските училишта во Кочани и Солун. Работел како стенограф во Пловдив и Софија.

„…Нашата секојдневна преса одвреме-навреме се осврнува на украинското прашање, но некако безучесно, повеќе од информативна ревност. Би било жално да констатираме непознавање на Украина и на придобивките за Бугарија од задоволително решавање на украинското прашање. Ние имаме сериозни политички и големи сроднички мотиви да посакаме да ја видиме Украина исправена на свои нозе.

Во слободата на Украина треба да го гледаме залогот на нашата слобода. Откорната од рускиот царизам, со обновена самостојност, таа ќе донесе големи политички придобивки за Бугарија. Кога ќе се ослободиме од занесот по руската големина, кога ќе се еманципираме од „славјанството“ и „православието“ на великорускиот курс, над Бугарија ќе засвети бистро, безоблачно небо, и ќе здивне спокојно измачената бугарска душа.

Всушност, треба да се грижиме за Украина како за најстарата сестра на мајка Бугарија…“

Иван Шандаров от Щип, Вардарска Македония – “Украйна и България”, публикувано във в. “Камбана”, брой 2137, София, 9 януари 1915 година

Извор: Струмски

Слични Објави