ГДУ: НЕ УСПЕАВМЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ, НАПРОТИВ УШТЕ ПОДЛАБОКО СЕ ПОДЕЛИВМЕ

Вести Истакнато Македонија

Политичарите од двете најголеми партии во државата продолжуваат да покажуваат некултура во дебата. Јавните дебати кај нас личат на портирски кавги. Ова е жално бидејќи се случува во најважниот и најчувствителен период. Уште пожално е тоа што не успеавме да се обединиме, да се договориме, напротив уште подлабоко се поделивме. Вината за тоа единствено ја гледаме кај СДСМ и ДПМНЕ, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Вчерашната дебата меѓу двајцата потпретседатели на двете најголеми партии во државата само ни покажа што всушност се случувало на лидерските средби, како разговарале зад затворени врати. Докажаа дека меѓусебно не се слушаат и дека секој си ја тера воденицата на своја страна и наместо државните интереси, си ги гледаат партиските. Впрочем како што многу пати до сега сме се увериле дека лесно се договараат за прашања кои им се од интерес на партиите, ама кога станува збор за клучни прашања не ги почитуваат основите на демократијата – дијалогот, компромисот и разумот.

Епа вака господа од ДПМНЕ и СДСМ нигне не тераме. Вака само се одалечуваме од европските вредности.
Демократијата бара комплетни политичари, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.