ШЕКЕРИНСКА : ВМРО ДПМНЕ НЕ БЕШЕ СПОСОБНА ДА ГО ЗАЧУВА ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ, СДСМ ТОА ГО ПОСТИГНА

Вести Истакнато Македонија

Заменик претседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска синоќа учествуваше во дебата на Алсат со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Таа во своето излагање посочи дека ВМРО-ДПМНЕ, 11 години свесно ја излолираше Македонија нарушувајќи ги односите со европските земји и соседите, додека СДСМ за неполна година успеа да затвори низа важни политички прашања и да ја врати Македонија на вистинскиот пат.Таа потенцираше дека единствениот проблем кој ВМРО-ДПМНЕ го има со договорот, е дека тие за 11 години не успеале да постигнат договор со кој ќе биде зачуван македонскиот идентитет и јазик, нешто што СДСМ го постигна по една година преговори.

„Главната болка е што ВМРО-ДПМНЕ таков договор не можеше да постигне. Не можеше да го зачува македонскиот идентитет и јазик. Во сите изјави тие тврдеа дека грчката страна нема шанси да прифати такви нешто. СДСМ тоа го постигна и ВМРО-ДПМНЕ не може никако со тоа да се помири. Тешко е да признаат дека други успеале таму каде што тие потфрлиле“ истакна Шекеринска.

Николовски се пожали дека за договорот немало доволно дебата и дека граѓаните не биле информирани доволно, на што Шеќеринска одговори дека два пати пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бегале од дебата во Собранието. Николовски не одговори на прашањето зошто сеуште немаат јасен став во однос на референдумот и не се изјаснат и испратат порака до своето членство.

„Зошто ако велите дека договорот е штетен, јасно не го повикате членството да гласа против? Зошто немате став како партија по најважното прашање? Зошто го премолчувате референдумот кој самите го баравте? Тоа потврдува само колку неодговорно се однесува вашата партија“ – рече Шекеринска.