ВМРО ДПМНЕ : ЗАЕВ Е НЕПРИЈАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА А НЕ НАРОДОТ

Вести Истакнато Македонија

Македонскиот народ не е непријател на државата Република Македонија, без разлика на одлуката КАКО ќе постапи. Непријател е оној што се колне во дедовината, во децата, во воздухот што го дише, во „жицата“ а на крај се откажува од се’ што претставува македонско и Македонија и  се поклонува пред грчките антимакедонски црвени линии!

Непријател е оној кој што го менува вековното име, името кое било изговарано со последниот крик на секој Македонец во борбата за ова парче земја, тој што го менува Уставот заради промена на тоа име и бришење на таа борба!

Зоране Заев, непријатели ви беа медиумите кои предупредуваа дека ќе го смените името и дека ќе ги прифатите се што значи грчки антимакедонски и антидржавни позиции.

На народот му ги одзедовте медиумите, потоа му ги одзедовте правдата и правниот систем, му го грабате лебот на народот делејќи си тендери само на себе и вам блиските. Сега сакате да им го одземете и парчето македонска земја, достоинството, идентитетот. Им ја одредувате цената на гласот мислејќи дека за пари тие ќе си го продадат достоинството.

Зоране Заев за непријатели ги прогласувате граѓаните кои не се сложуваат со твоите погубни, повторувам ПОГУБНИ, политики за претворање на Република Македонија и Македонците во вештачка творба без корен и со туѓа историја, култура и наследство.

Зоране Заев, не се поистоветувај со државата. Доста го потценуваш и омаловажуваш македонскиот народ. Ти не си државата, ти не си Република Македонија. Македонскиот народ е суверенот на Република Македонија.

Зоране Заев, им должиш извинување на сите граѓани на Република Македонија, им должиш извинување на Македонците, ги прогласуваш за непријатели на државата затоа што не се согласуваат со тебе и твоите политики за македонско саморазнебитување. И да се извиниш, на 30-ти септември нема да ти биде простено.

Зоране Заев – само вие сте непријател и незапаметен срам за македонскиот народ и за Република Македонија!, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.