СДСМ : ЗА ДЕБАТА СЕ ПОТРЕБНИ СТАВОВИ

Вести Истакнато Македонија

Христијан Мицкоски да каже што му е потребно и на кој начин може да му помогнеме за да го дефинира и соопшти неговиот став за најважното прашање. Тука сме да му помогнеме, да се охрабри, да размисли, да одлучи, да каже јасен став.

Најлошо е да се нема став, особено за клучни прашања од кои зависи иднината на државата.

Иднината на Македонија и нејзините граѓани не смее и нема да биде ризикувана поради калкулациите и нискиот рејтинг на Мицкоски.

За секоја дебата на било која тема потребни се јасни ставови.

Ајде Мицкоски, охрабри се, соопшти го јавно својот став за референдумот, излези пред граѓаните, кажи дека ќе излезеш да гласаш, и ќе има и дебата и иднина во просперитетна европска Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.