ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ТРОШОЦИТЕ А НЕ ДА КУПУВААТ МАИЧКИ

//

Од денеска и Собранието на Република Македонија активно се вклучи во добротворната кампања којашто има за цел да им помогне на децата хоспитализирани на Клиниката за онкологија во Државната болница „Мајка Tереза“, болни од болести на крвта, канцер и леукемија. Кампањата се одвива преку купување на маичка со слика на сонцоцвет, која чини 1.230 денари и сите финансии од купувањето на оваа маичка директно се донираат за споменатата цел.

На настанот, којшто се одржа во Сала „Македонија“ учествуваа сите 120 пратеници од Собранието, претставувајќи ги сите граѓани на Република Македонија.

Овој настан, уште еднаш ја потврди волјата и желбата на сите пратеници активно да учествуваат во кампањи со кои се помага на оние на кои им е најпотребно.



Трибуна ги советува нашите драги пратеници наместо да купуваат маички да ги пренаменат парите за патни трошоци за лекување на деца или за некоја друга благородна кауза.

Претходна статија

МИЦКОСКИ: ВИНОВЕН ЌЕ БИДЕШ АКО ИМАШ МОЖНОСТ ДА ЈА ИСПРАВИШ ГРЕШКАТА, А НЕ ГО СТОРИШ ТОА

Следна статија

ЏАФЕРИ ГО ПРЕСКОКНА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК-ОПОЗИЦИЈАТА МУДРО МОЛЧЕШЕ

Најново од Вести