ВМА на Бугарија ја зајакнува соработката со Националната гарда на Тенеси
Военомедицинската академија на Бугарија прими претставници на Националната гарда на американската сојузна држава Тенеси во рамките на Државната програма за партнерство, јавува инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана.
Посетата беше насочена кон развој на военомедицинските капацитети, размена на знаења и добри практики и подобрување на подготовката на медицинските тимови.
„Разговаравме за можностите за унапредување на веќе воспоставеното и успешно партнерство во областа на воената медицина“, изјави заменик-началникот за воено медицинско обезбедување на ВМА, полковник Димо Димов.
Гостите присуствуваа на симулација на спасување ранети во реални борбени услови во Военомедицинскиот тренинг-центар, најсовремен објект од ваков тип во Бугарија, изграден според американски модуларен модел.
Двете страни оценија дека нивната соработка е важна за ефикасното медицинско обезбедување на вооружените сили.
