| |

ДОЛГ Е ПАТОТ ДО РЕИНТЕГРАЦИЈА И РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ПОРАНЕШНИТЕ ЗАВИСНИЦИ

Нема работа за лица од маргинализираните групи во државата. Граѓанските организации кои се бават со овој проблем велат дека немаат точни статистики, но на прсти се бројат лицата што се вработени. Најголемиот дел од нив работат во граѓанскиот сектор. Токму затоа шест организации почнаа да се обучуваат како од своите клиенти да направат потенцијални кандидати и да ги вработат.

Долг е патот до реинтеграција и ресоцијализација на поранешните зависници. Лицата коишто ги водат низ процесот мораат да им всадат сосема нови навики за самостоен и квалитетен живот. Но за жал, нема доволно обучени лица. Затоа малкуте експерти работат со кадар од невладиниот сектор и ги јакнат нивните капацитети.

Вработувањето на маргинализирани групи е дел од проектот на граѓанската организација Избор од Струмица, и се реализира со поддршка на Усаид.

Извор: Телма



Слични Објави