| |

Бугарите во Лондон ќе го прослават 24 мај со концерт на светски познатата оперска прима Рајна Кабаиванска

Бугарскиот културен институт во Лондон ќе организира концерт на светски познатата бугарска оперска прима Рајна Кабаиванска, по повод 24 мај- Ден Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета, култура и на словенската книжевност, јавува БТА.

Настанот е закажан за сабота на 25 мај во 19:00 часот по локално време во театарот Britten Theatre, Royal College of Music. На сцената ќе настапат оперската прима Рајна Кабаиванска и уметници од нејзиното училиште.

„Најомилен празник на генерациите Бугари! Празник на бугарската култура и просветлување! Одбележувајќи го овој Ден на бугарската култура и писменост, промовирајќи ја бугарската културна дипломатија во Велика Британија, Бугарскиот културен институт Лондон организира свечен концерт со иконата на светската опера , бугарската гордост, оперската пејачка Рајна Кабаиванска и уметниците од нејзиното училиште“, соопштуваат од Бугарскиот културен институт во англиската престолнина.



Слични Објави