(Видео) Г’рдев: Помина времето за дијалог за РС Македонија, бугарското општество веќе има заземено јасен став
Нема да има дијалог за Северна Македонија. Потпишавме коалициски договор. Разговорите се водеа тогаш. Бев водач на групата „Има таков народ“. А во самиот документ јас бев единствениот кој посочи дека мора да ја земеме предвид ситуацијата во Украина, и дека ќе не погоди бегалски бран, изјави меѓународниот секретар на „Има таков народ“ Димитар Г’рдев во студиото на „Bulgaria On Air“.
Според Г’рдев, бугарското општество веќе има заземено јасен став за тоа што се случува со односите со Скопје.