Пред натпреварот Бугарија-Македонија, од БФС порачуваат: Спортот не треба да создава политички проблеми помеѓу Бугарија и Македонија

//

Еден од челниците на Бугарскиот фудбалски сојуз, Георги Иванов, изјави дека бугарската репрезентација има амбиции да ја победи Македонија во првиот натпревар од претстојното издание на турнирот во Лигата на нации.

-Влогот на натпреварот со Северна Македонија е голем, имајќи предвид дека сакаме да се пласираме напред на турнирот. Спортот не треба да создава политички проблеми меѓу Бугарија и Македонија, бидејќи на крајот спортот секогаш треба да носи мир и задоволство кај луѓето. Мислам дека организацијата што ја создадовме заедно со домаќините од Разград ќе се погрижиме средбата да помине без проблеми, изјави Иванов за БНТ.

Мечот се игра на 2-ри јуни во Разград, со почеток во 18:00 часот.



Извор: Zoom.mk



Претходна статија

(Видео) Г’рдев: Помина времето за дијалог за РС Македонија, бугарското општество веќе има заземено јасен став

Следна статија

Неверојатен и поразителен податок, до 11 часот издадени 6200 кутии дијазепам

Најново од Вести