Радев: Нема услови за моја посета на Франција
Нема услови за моја посета, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев запрашан за неговата претстојна посета на Франција, поврзана со темата Република Северна Македонија, јавува БГНЕС.
БГНЕС во вторникот објави дека на последниот коалициски совет на 27 мај се разговарало за заедничка посета на претседателот, премиерот и министерката за надворешни работи во Франција. Според членовите на коалицискиот совет, таму се очекувало да биде одобрен предлогот на претседателот Макрон, со што ќе се укине ветото за почеток на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ.
Денеска Радев демантираше дека ќе има негова посета.
За зборовите на премиерот Петков дека сите одлуки на темата ќе минуваат низ Народното собрание, Радев рече: Последната инстанца секогаш е народот. Внимателно ги следам позициите на партиите.