Сите еднакви, сите гостиварци!
Пишува: д-р Арбен Таравари
Еден од најголемите оратори, Вилијам Пикенс велеше една реченица што го прават вечен: “Заедничкиот живот е уметност”… и уметноста е храна на животот, но секако колку е едноставно толку е тешко.За тешкотиата на заедничкиот живот најдобро знае Балканот, каде што живеат претежно сиромашни народи, користени од безмилосни крадци и криминалци кои окупирале и окупупираат власт, и во името на народот ги осимаруваа луѓето и се збогатуваа.
Само во Македониjа има феномени каде пратеникот е најбогатиот во мало, министрите имаат најскапи автомобили во земјава, партиските директори купуваат скапи станови, додека спорет платата што ја добиваат, тие би морале та живеат 200 години за да ги платат луксузи. Кај нас крадењето е еден вид на способност, скоро вештина што се поврзува со фразата “ех, тој е стар волк”, или “тој е како мачка, има 7 животи”… Во меѓувреме волците и мачките со 7 животи се појавуваат на говорница и викаат вознемирувачки за честа, гордоста, почитта и некогаш за нацијата и јазикот, затоа што неколку години, овие две последниве се користат според изборната сезона… Како во некои африкански земји каде војната и геноцидот се начин на живот, така и на Балканот, еден од најпосакуваните геостратешки региони во светот и историјата, така и во нашата земја, криминалот, грабежот и повикот за омраза од „способни“ волци, е една форма на владеење што го уништува опшеството секој ден носејки сиромаштија, разделба и болка.
Оваа панорама е трагично-комична, достојна за басните на Езоп, каде некои лукави волци и мачки се аплаудирани од јагнињата за нивните предаторски вештини. Пустите јагниња не знаат дека еден ден на тие ќе им дојде редот, дека волкот е волк и дека не може да го засити стоматкот со зеленило. Зеленилото го користи за да ги измами јагнињата, па потоа волците во власт им даваат на јагнињата зеленило, а за возврат саккат до им го земаат месото.
И затоа има сиромаштиа, невработеност или масивно емигрирање… затоа што властите го спроведоа најкриминалните платформи за да се збогатат. Тие потикнуваат етничка, религиозна и расна омраза и би биле подготвени да измислат омраза кон очите и фризурите ако можат, само за да луѓето мислат на поделби и да не мислат кај владетелите кои крадат државни пари.Се чини дека тагата нема крај, но човечката анатомија е дело на Господ и е создадена да биде среќна. Научно, човекот кога се раѓа има тендеција да има поразвиено чуство на радост. Дури и децата до три години се смеат до 100 пати дневно. Како што расте индивидуата, надворешните околности ја ограничуваат радоста и смеата. Се разбира, резбирлива е дека кога немате пари за леб или лекови, нема шега што би донело хумор, но ете, инстинктот е посилден од реалноста. Па сега е време да се зборува за најубавиот пример за соживот, град кој отворено ги предизвика криминалните владетели и се спротистави на обидите за поделба и омраза. Овој град е Гостивар.
Јас сум сведок на секојдневниот живот на градот каде што очекувам да го завршам мојот прв мандат како градоначалник. Луѓето се пример за уметноста на соживот. Гостивар е населен како цела Македонија со повеќе етникуми. Неговото албанско мнозинство има толеранција и добрососедство со Македонците и Турците, додека Турците и Македонците имаат почит кон Албанците и го ценат нивното благородништво. Секако никој од нив не е жеден за крв, никој од нив не продава или купува нација, јазик или религија… и никој од нив не е наивен да ги затвори очите и да ги заборави сериозните проблеми од минатотот, проблеми кои за жал се наследени денес, но сите одбрале да живеат заедно и да се почитуваат едни со други, затоа што сите ги обединува една робта што е посилна од разделбата, е тоа е желбата да не го минуват нивните деца тоа што тие го поминале. Така што, Турчинот, Албанецот и Македонецот од Гостивар, на крај избира да биде гостиварчанец. Секој се почитува, секој гостиварчанев сака да се равие градот и секој е горд за својот град.
Велат дека колку по драматична е политиката, толку по сиромашен е народот. Велат колку повеќе поделби, владателите полесно ограбуват, зтоа што го збунува гласачот со емотивни прашања, со јазик, религија, нациа… и ние знаеме дека ова е најкласичната форма за долго владеење во Македониа. “Divide et Imepra”, велат латинците што на превод значи подели и владеј. Сите ние ги знаеме тиа ненајдени вртења од 180 степени, каде политичварите ултранационалисти одеднаш ги вадат пушките од рамента и зборуваат за фузија и асимилација… не, во Гостивар не се случува нито едното ниту другото. Гостиварчаните знаат дека тука живеат Албанци со својот јазик, своја нација, религија о нивните традиции, исто како што живеат Македонците исто толку независно, Турците или кој и да е. Ниту Албанецот не станува Македонец, ниту Македонецот не станува Турчин, или Турчинот не станува Албанец, сите остануваат верни на своето потекло. Гостиварчаните сфатија дека војната и омразата се неуспешни сценарија, чии креатори живеат во енормо богаство, па затоа навреме се откажаа од ова политика.
Горд на своето потекло, јазик, религија и традиции, секој гостиварчанец почитува друга етничка припадност, давајќи го најдобриот пример за мирен и хуман град, многу попатриости од некои владетели кои го менуваат знамето според тендерот. Свесни за направените грешки, секој ден жовеат во Полошкиот регион, избирајќо животот. Горд сум што Господ ми даде можност та бидам дел од еден град каде што навистина може да се каже “Сите Еднакви, сите Гостиварци”.

