МАКЕДОНСКИТЕ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ СО ПЛАСМАН НА ЕП 2020
Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години триумфираа на ЕХФ-шампионатот кој се одржа во Скопје, и како првопласирана репрезентација, обезбеди пласман место во А-дивизијата, и настап на младинското Европско првенство 2020 година. Во финалето„Црвено-жолтите“ја надиграа силната Белорусија со 29-23.
Агенцијата за млади и спорт останува и понатаму поддржувач на сите спортски манифестации, и посебно е горда кога младите спортисти постигнуваат резултати вредни за паметење, но и мотив за сите кои сакаат да тренираат и да ги бранат боите на нашата земја.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски беше дел од завршната церемонија на ЕХФ- шампионатот. Тој во своето обраќање не го криеше своето задоволство од остварениот резултат на Македонските млади ракометари.
-Фокусот на Агенцијата за млади и спорт се младите. Тие се иднината на секоја земја, а нивните спортски остварувања предуслов за високи остварувања, особено во ракометот како спорт број еден во Македонија, истакна Каевски на завршницата на ЕХФ-шампионатот во Скопје.