ЗАПОЧНА ИЗГРАДБА НА НОВ КОЛЕКТОР ВО НОВО ЛИСИЧЕ

//

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска присуствуваше на одбележување на почетокот на изградбата на нов колектор во Ново Лисиче, на брегот на реката Вардар.
Овој колектор е предуслов за изградба на главната пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје. Основната цел на проектот, кој ќе се реализира во три фази, е чист Вардар и чиста животна средина.
Инвестицијата е финансирана со средства на Европската Унија во износ од над девет милиони евра и кофинансирана со 15 проценти од Буџетот на Република Македонија. Градежните работи се реализираат во рамките на ИПА 2 проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“.

На денешниот настан свое обраќање имаа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, шефот на делегација на ЕУ во РМ Самуел Жбогар, амбасадор на Република Франција во РМ Кристијан Тимоние и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.





Претходна статија

СРЕДБА СО АМБАСАДОРКА НА Р. СРБИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА ВО ШТИП

Следна статија

КОМИТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА: ОД ОВАА ГОДИНА ПОВИСОКИ СУБВЕНЦИИ

Најново од Вести