СРЕДБА СО АМБАСАДОРКА НА Р. СРБИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА ВО ШТИП

//

Почитувани,

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ. На средбата градоначалникот Бочварски и амбасадорката Дивјак-Томиќ разговараа за продлабочување на веќепостоечката соработка помеѓу двете пријателски земји, со акцент на соработка којашто ја вклучува Општина Штип.

„Со амбасадорката Дивјак-Томиќ дискутиравма за конкретни прашања во делот на економската соработка. За прв пат остваруваме среба преку која се запознаваме и ги поставуваме контурите на идната соработка. Зборувавме за тоа каде можеме да си помагаме, каде можеме да соработуваме ние како Општина Штип со општините од Србија. Јас ја информирав амбасадорката дека веќе остварив една средба во Општина Параќин, каде се сретнав со градоначалникот и разговаравме за идна соработка. Денеска отворивме и многу други теми во однос на развојот и напредокот на соработката на двата народи, бидејќи знаеме дека сме блиски и пријателски народи и тоа треба дополнително да го продлабочуваме преку економска соработка. Целта е да имаме поголема соработка и поквалитетен живот за нашите сограѓани,” информираше градоначалникот Бочварски.



Српската амбасадорка Дивјак-Томиќ ги повтори заложбите за продлабочување на македонско-српската соработка во секој аспект, што е и одраз на долгогодишното македонско-српско пријателство.



Претходна статија

РУСИЈА ГО ПОДДРЖА ДОГОВОРОТ НА СКОПЈЕ И АТИНА

Следна статија

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБА НА НОВ КОЛЕКТОР ВО НОВО ЛИСИЧЕ

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,