РУСИЈА ГО ПОДДРЖА ДОГОВОРОТ НА СКОПЈЕ И АТИНА
Русија ќе го поддржи потпишаниот договор за преименувањето на Република Македонија во Република Северна Македонија, ако ги задоволи интересите на сите страни. Ова го изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по состанокот со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас.
“Ние секогаш нагласувавме дека го поддржуваме наоѓањето на договор за ова прашање без пречки, без поставување на какви било вештачки рокови и услови и велевме дека ќе го поддржиме решението кое ќе ги задоволи интересите на Грција и Македонија, а кои ќе се базира на широка јавна поддршка. Се надевам дека договорот што беше објавен вчера беше токму тоа “.рече Лавров по состанокот со Коѕијас.
Извор: Фактор