Одбележуваме 145 години од раѓањето на војводата на ВМОРО Славејко Арсов
На 17 август 1878 г. вo Ново село, Штип е роден СЛАВЕЈКО АРСОВ КИКИРИТКОВ, Ресенски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание од 1903 г. Завршил основно образование во родното место, а потоа учи во Скопје и Софија. Брат му Михаил станва член на ВМОРО во времето когат Даме Груев и Гоце Делчев се учители во Штип, а тој дава заклетва во 1895 г. Во 1899 г. С. Арсов во Кичево развива револуционерна дејност. Лежи една година во затвор, а во 1901 г. станва четник кај Марко Лерински, со кого ги обиколуват Костурско, Воденско, Леринско и Битолско заедно со Гоце Делчев. Заедно со капетан Тома Давидов учествува во дејноста на ревизионата чета. Од 1902 г. С. Арсов е војвода на самостојна чета во Битолско, а потоа во Ресенско. Под негово раководство селаните од село Крушје ја истребуват разбојничката чета на Асан Секира. Во Ресен тој и Никола Кокарев ги создават првите комитети на Организацијата. На Смилевскиот конгрес е делегат на ресенскиот револуционрен реон. Пред востанието во четата на Славејко Арсов се присоединуват поп Тома Николов и Донка Ушлинова. Учествува во Илинденското востание. По востанието се повлекува во Бугарија. Се враќа во Македонија, 1904 г. заедно со четите на Атанас Бабата и Стојан Донски. Предадени се крај кратовското село Горно Ѓуѓанци од србоманите поп Иван и син му, обградени се од турски аскер и после 6 часови борби четниците започнуват да се извлекуват. Загинват 20 четници и војводата Стојан Донски, а ранетиот војвода Славејко Арсов се самоубива.
“По 13 дни го напуштивме Смрдеш и отидовме во Дреновјани на еден ден, а потоа во Вишени – 4 дена, кај што повторно се разгледуваа делата; три-четири вечери една по друга се викаа селаните на селско собрание во црквата: таму ним им се објаснуваше тогашната положба, минатото и мерките за во иднина, им се кажуваа примери од Бугарските востанија, тука веќе имаше и знаме (копринено, црвено, извезено). Пред знамето се заколнуваа во црквата; пред него имаше вообичаен амблем: револвер и кама. Имаше и свештеници. Сите во селото знаеја.
Во с. Гугово (Воденско) го направивме последното општо собрание заедно со Делчев. По завршувањето на собранието, Делчев одделно мене и на Марко ни даде упатства за идните дејства – како да се постапува при агитирањето, особено во мешаните села, каде што имаше и гркомани; да се говори дека целта на четите не е луѓето да станват Бугари или Грци, туку да се ослободат од Турците, а потоа кој што сака нека биде. Во чисто егзархиските села се објаснуваа лошите страни на животот, се правеше кус историски поглед на турското робство и сл. Се објаснуваше како било Бугарското царство едно време силно, кои биле причините да падне под Турците, т.е. неслогата. Делчев препорачуваше и како да се однесува војводата спрема четата, кон момчињата. После тие настани Делчев отиде во Воден, а јас со Марко заминав за селото Жервени (Воденско). Тоа ми беше последната средба со Делчев.“