| |

Ете затоа сме на ова дереџе

Facebook статус на Ели Секуловска

Не ми е јасно . Еден народ кој си ги уништи најдобрите умови , една Рајна Алексова , првата фармацевтка на Балканот , факултет во Лозана, Швајцарија , ( нејзиното убиство се уште не е расветлено), еден Стерјо Боздов , прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје , потомците на храбрите Илинденци , дедо ми ( факултет во Франција , интелектуалец ) , Петар , човекот кој ја формираше комунистичката партија , сите членови на мојата фамилија , и да прогласи за народни херои некакви шалабајзери и бандити кои краделе jajца и самите селани ги пријавувале , некакви си ситни џепароши и да се препознае во нив , тогаш што да се очекува од тој народ!

Сите комунисти кои беа од граѓанскиот сектор , беа однесени на Голи Оток . Сите интелектуалци беа или затворени или ликвидирани. Најспособните луѓе беа уништени .

Оставштината од тоа што се случуваше од 1945 до 1953 година на територијата на денешна Македонија , ја гледаме денес . Ова се директни последици од тоа време. Криминалците кои направија класичен пуч во комунистичката партија , посебно после падот на Ченто , тие воспоставија светоглед . Ете , затоа сме на ова дереџе , РС Македонија -територија на криминални банди .

Очигледно позади таканаречената “железна завеса” , каде владееше тој таканаречен “тврд” комунизам , најверојатно повеќе крити;на маса преживеа затоа што тие земји побрзо се интегрираа во Европа. Кај нашиот “мек” титов комунизам уништија се’ , и на “тврд” и на “мек” начин. За се што се случуваше говорат и двете писма од Сталин до Тито и критиките што се упатени до него . Тие писма се наоѓаат во Државниот архив во Москва , но секако никој од нашите историчари тоа нема да ви го каже . Не го ни знаат затоа што никој од историчарите не отиде во Москва барем да се заинтересира што се случувало во 1948 кога наводно Тито му рекол НЕ на Сталин!!!! 90% од архивите во Москва се одамана отворени ,додека пак руските историчари без цензура ја кажуваат вистината .

Кај нас ,бурек и јогурт историчари . Толку им е нивото, да си купат бурек за доручек.



Слични Објави