ЗАЕВ: РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО ПРЕД ОДРЖУВАЊЕТО НА РЕФЕРЕНДУМОТ Е ПОТРЕБНА ЗА ПОБРЗ ВЛЕЗ ВО НАТО
Ратификацијата е потребна за да добиеме покана за НАТО, месец порано е месец порано, изјави премиерот Заев за време на прес конференцијата по повод годишнината од составувањето на неговата влада.
Заев изјави дека се надева дека и опозицијата ќе ја поддржи ратификацијата, но подвлече дека референдумот ќе го донесе конечното решение. Според Заев крајот на септември почетокот на октомври е прикладно време за организирање на референдумот.

