Ковачев разговарал со Золтан Тар (Тиса) за прекин на поддршката за антибугарската пропаганда во Република Северна Македонија
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од редовите на ГЕРБ-СДС/ЕНП се сретнал со својот колега и пријател Золтан Тар– раководител на делегацијата на унгарската партија Тиса во групата на ЕНП во Европскиот парламент. Ковачев му посакал успех на Тар и на новата влада во Унгарија предводена Петар Маџар.
Бугарскиот европратеник го покренал прашањето за прекин на политиката на Виктор Орбан за поддршка на антибугарската пропаганда во Република Северна Македонија. Двајцата зборувале и за прекин на штетното влијание на Кремљ во ЕУ.
„Тие ја имаат силната поддршка од демократски и европски ориентираните граѓани на Унгарија за да ја вратат земјата на патот на демократијата и просперитетот и да го прекинат штетното влијание на Кремљ во ЕУ, како и да се прекине политиката на Орбан за поддршка на антибугарска пропаганда во РСМ“, стои во објавата на Ковачев во социјалната мрежа Facebook.
Ковачев му подарил на Тар бугарски евромонети, симболичен подарок каков што му направил во јануари и на идниот унгарски премиер Петар Маџар. Бугарскиот европратеник му посакал на својот унгарски колега успех на патот кон еврозоната.
„Унгарија и Бугарија се историски пријателски народи – и ќе продолжат да бидат такви“, стои во објавата на Ковачев.

