ИВЗ БЕСПЛАТНО ДОБИВАЛА ВИЗИ ЗА САУДИСКА АРАБИЈА И ИМ ГИ ПРОДАВАЛА НА АЏИИТЕ

/

Во изјава, пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири тврди дека се обратил до Специјалното Јавно Обвинителство со писмо согласно нивните ингеренции за да проверат дали постојат телефонски разговори за ИВЗ и неговата спрега со тогашната власт во врска со продажбата на визи за македонските аџии. Како основа Зекири го земал извештајот на американскиот Стејт департмент за верските слободи од 2013 година во кој експлицитно се посочува дека поглаварот на ИВЗ бил толку близок со тогашната власт што преку нив му биле овозможени конзуларни контакти за набавка на бесплатни визи за Саудиска Арабија, за потоа визите да ги наплаќа 400 евра за човек. Сето сето ова имплицира дека поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е вмешан во  злоупотреба на службената должност.

Затоа, Зекири ја користи можноста и како граѓанин и како пратеник во името на голем број верници Муслимани да докаже дали има такви разговори и надлежните органи да преземат мерки согласно законот у Уставот на РМ и согласно своите надлежности.  Пратеникот Мухамед Зекири ова прашање во Собранието го постави скоро пред еден месец и тој вели дека нема намера да запре се додека вистината не излезе на виделина. Поглаварот на ИВЗ се уште не дава никаков одговор за сето она што Зекири го постави како прашање од собраниската говорница.

Постојат многу индикации за вистинитоста на неговите тврдења кои потеуваат и од тврдења на стотици верници кои со години патуваат од Македонија за Саудиска Арабија на аџилак  и на кои визата им била наплатувана иако визите се бесплатни.  Зекири тври дека ова е е прв случај поглаварот на ИВЗ да ја злоупотребува својата полжба и тоа во повеќе сфери, осоено во процесот на денационализација на имотот на ИВЗ, начинот на неговото прогласување за доживотен поглавар иако тоа не е  практика во исламските вески заедници, како и за своеволното раководење со заеднициата.



Во духот на борбата за општесвто каде сите се еднакви пред законот, Зекири се заложи да ги поттикне институциите да поработат на овој случај.

Претходна статија

МАКЕДОНСКИТЕ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ СО ПЛАСМАН НА ЕП 2020

Следна статија

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ВОЗАТ СТАРИ И ДИЗЕЛ АВТОМОБИЛИ

Најново од Вести