|

Унапредување на соработката на Царинската управа и Државниот завод за статистика – податоците за надворешната трговија клучни за унапредување на трговските политики

Унапредување на соработката со Државниот завод за статистика преку повисок степен на дигитализација и електронска размена на податоците за што ќе биде потпишан нов меморандум за соработка. Ова е договорено на денешната средба на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, со директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.

„Царинската управа ја олеснува трговската размена со преостанатиот дел од светот, а истовремено податоците за надворешнотрговската размена ги разменува со Државниот завод за статистика. Високиот степен на дигитализација ни овозможува да бидеме во тек со светските трендови, а сетовите на податоци што ги разменуваме во делот на надворешнотрговската размена овозможува компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво“, истакна директорот Николовски.

Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, на состанокот потенцира дека примарна цел на Државниот завод за статистика е дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци.

„Во насока на понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, електронското преземање податоци од Царинската управа е исклучително значаен чекор“, вели Станков.



Слични Објави