Ударот врз Ново Село како пример за масовна дебугаризација

//

Пишува: Доц. д-р Спас Ташев

Ново Село се наоѓа на 1,5 км југозападно од градот Штип во РС Македонија и денес практично е населба во градот. За време на османлиското владеење во Ново Село се родиле не само голем број бугарски просветители и црковни дејци, туку и револуционери, меѓу кои се издвојуваат Тодор Александров и Иван Михајлов. Имало и две бугарски училишта – основно и средно, а во второто учители биле Гоце Делчев и Даме Груев. Освен двете средновековни цркви „Прокров на Пресвета Богородица“ и „Вознесение Христово“, гордост на населбата е и бугарската црква „Успение на Пресвета Богородица“, дело на мајсторот Андреј Дамјанов. Поради сето ова Ново Село често се нарекува „Ерусалим на бугарштината“.

Во 1913 година селото паднало во границите на Србија и сите бугарски институции биле забранети. Ова почетокот на денационализацијата на бугарското население во регионот. Во овие тешки времиња, локалниот патриот Спиро Јовев решил да го покрие оригиналниот натпис на бугарското училиште, кој се наоѓа над главниот влез, и така да го сокрие од очите на новите поробувачи. Во следните години се случиле неколку драматични настани. Во 1915 година од надворешниот ѕид на олтарот на црквата бил погребан поранешниот член на ЦК на ВМРО и бугарски пратеник Христо Чернопеев, кој како капетан од бугарската армија загинал во битката кај Криволак. Иако Иван Михајлов го напуштил Ново Село во 1918 година, во 1927 година југословенските власти ги убиле неговиот татко Михаил и еден од браќата Христо Гавраилови, а мајка му, снаата, двајцата помали браќа и една сестра – биле протерани од нивниот дом.

Кога во 1941 година била формирана бугарска управа во Вардарска Македонија, првото нешто што го направиле жителите на Ново Село е да го отстранат малтерот над влезот на училиштето за да се открие зачуваниот бугарски натпис. Семејството на Иван Михајлов се вратило во својата напуштена куќа.

Меѓутоа, националната слобода не траела долго. Кон крајот на 1944 година, југословенските власти се вратиле и прогонувањето на се што е бугарско било обновено. Овој пат селаните не можеле да го сокријат бугарскиот натпис на училиштето, бидејќи на сите им бил познат. Една ноќ училиштето било запалено и оригиналната бугарска спомен плоча била уништена. Во истиот период, гробот на Христо Чернопеев бил уништен, а неговите останки биле ископани и пренесени до оградата на црквата, но без никакви натписи. Ова го означило почетокот на уште еден обид за насилна промена на идентитетот на луѓето од денешна Северна Македонија.

На 27 јули 1959 година Штип го потресло убиство. Србинот Ѓоко Мартиниќ го убил Мишо Атанасов, инженер кој работел во локална фабрика. МПО во САД и Канада покренуваат истрага за убиството на Бугаринот од Струмица. Друго што се зборувало било дека инженерот Мишо Атанасов не бил комунист, совесно си ја гледал работата, бил противник на режимот и на србизацијата на Македонија. На неговата популарност во Штип и Струмица, властите гледале со сомнеж“. Жителите на градот се собрале на плоштадот пред судот, за да го изразат своето незадоволство од малата казна на убиецот. Оваа манифестација на бугарската самосвест во овој период ја поттикнала власта да преземе мерки против сите фактори кои ја поддржале демонстрацијата. Одлучено е да се крене во воздух спомен-натписот на местото каде што била родната куќа на Тодор Александров. За време на експлозијата, плочата била фрлена настрана, но останала недопрена и била откриена дури по распадот на Југославија.

Друг објект што го одржува бугарскиот патриотизам е родната куќа на Иван Михаилов, која станала место за тајно национално преклонение. Од сите региони на Република Македонија во Штип доаѓале следбеници на идеалите на Михајлов со единствена желба да го видат ова место. Поради оваа причина, власта одлучила да ја урне неговата куќа, изградена пред 100 години од неговиот прадедо и да се избришат сите траги од зградата. МПО во 1966 година го нарекува ова рушење „варварски чин“.

Родната куќа на Иван Михајлов.

Со ова започна наменска кампања за бришење на споменот за семејството на Иван Михајлов. Забрането е да се спомнува фактот дека неговиот прадедо Хаџи Анастас бил главен иницијатор и донатор за изградба на големата црква Света Богородица, неговото име е испишано на спомен плоча заѕидана веднаш до десната врата на храмот.

Споменот на Михаил Гавраилов, таткото на Иван Михајлов, бил подложен на особено тежок прогон. Забрането било да се спомнува дека долги години бил повереник на бугарското училиште и како таков бил во контакт со Гоце Делчев, Даме Груев и Тодор Александров. Бил осквернавен и неговиот гроб, над кој благодарните локални Бугари подигнале споменик во темни ноќи. На него пишува дека се застрелани таткото и синот Михаил и Христо Гавраилови.



Властите во СР Македонија периодично го уривале споменикот, но локалните Бугари продолжиле да го обновуваат.

Сквернавењето на бугарската историска меморија во Ново Село продолжи и по прогласувањето на независноста на денешната Северна Македонија во 1991 година. Бидејќи љубовта на народот кон Христо Чернопеев останала жива и тоа беше видливо од паднатиот восок и поцрнетиот ѕид од запалените свеќи. Но во крајот на ноември 2010 година неговиот гроб повторно беше ископан и израмнет со нивото на дворот, а неговите останки беа уништени. Денеска верниците газат по местото на вечниот мир на овој бугарски херој.

И покрај напорите на властите во Скопје, споменот за овие бугарски херои не е избришан. Местата каде што некогаш биле родните куќи на Тодор Александров и Иван Михајлов и понатаму се објект на вниманието на народот. За да се пополни празниот простор на местото, каде што се наоѓал домот на Иван Михајлов, во времето на Југославија е изградена трафостаница . Поради својата историја, денес таа трафостаница можеби е најпознатата трафостаница во цела Северна Македонија.

Политиката на официјалната власт во само една населба во денешна Северна Македонија ги открива монструозните размери на процесот на намерна дебугаризација. Усвоената Резолуција на Европскиот парламент од 19 мај 2022 година за извештајот на Комисијата за Северна Македонија за 2021 година експлицитно нагласува дека „секој обид за замена на историските споменици и/или артефакти, вклучително и уништување на автентичното културно наследство и секој обид за препишување на историјата покренува сериозна загриженост“. Северна Македонија уште еднаш е повикана да продолжи со ревизијата на учебниците по историја, текстови во кои „треба да го одразуваат толкувањето на историските факти и бројки од заедничката историја… врз основа на автентични историски документи“, бидејќи „односите меѓу идните генерации на Северна Македонија и Бугарија ќе бидат одраз на образовните процеси во двете земји“.

Бугарија продолжува да чека вистински реформи, а не ветувања, што ги слушала последните 30 години од властите во Скопје!



Претходна статија

Патот од молкот до триумфализмот …

Следна статија

Бугарскиот поет и писател Георги Господинов е номиниран за Нобелова награда за литература

Најново од Истакнато