| |

Бугарскиот поет и писател Георги Господинов е номиниран за Нобелова награда за литература

Бугарскиот писател и поет Георги Господинов е номиниран за Нобеловата награда за литература.

Веста ја објави сајтот „Плоштад Славејков“. Информацијата за тоа доаѓа од бугарскиот ПЕН центар и од секретарката на писателската организација Ангела Димчева.

Одлуката за номинацијата била донесена во јануари годинава и веќе е испратена до Нобеловиот комитет, потпишана од претседателката на бугарскиот ПЕН центар Здравка Евтимова.

Георги Господинов е најнаградуваниот современ бугарски писател. Автор е на најпреведуваната бугарска книга по 1989 година – „Природен роман“.

Добитник е на многу книжевни награди, меѓу кои и Големата награда за литература на Атина и најпрестижната италијанска книжевна награда, Premio Strega Europeo.

Слични Објави